(ВИДЕО) Мицкоски: Филипче и СДСМ немаат кредибилитет да зборуваат за надворешната политика ниту за релациите со Трамп

Од:

Коалицијата на СДСМ и ДУИ, која изминатите седум години не бираше средства и начин да ја понижи и засрами Македонија и да се себебогати на грбот на граѓаните има најмалку кредибилитет да зборуваат за нашата меѓународна активност и релации со администрацијата на претседателот Трамп. Тоа го истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за денешните забелешки на лидерот на опизициската СДСМ Венко Филипче дека последното гласање за резолуциите за Украина во Обединетите нации покажало оти македонската надворешна политика е без компас и одлучува без надворешно политички приоритети.

Тој потсети на обвинувањата од опозицијата дека се анти-НАТО и анти-Америка, односно оти се проруски, а според Мицкоски, сега им пречи што имаат исклучително добра соработка со новата администрација на претседателот Трамп.

– И да, бевме ние коспонзори на таа резолуција заедно со уште неколку држави, Израел, Унгарија и Грузија. И ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка резолуција, бидејќи помина на Советот за безбедност, каде останатите членки кои се постојани, но и оние кои се ротирачки, не гласа против, што значи ја поддржаа резолуцијата позади која како коспонзор се јавува нашата македонска Влада, односно нашиот претставник во Обединетите нации, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, појасни дека кога требало резолуцијата да се гласа во Генералното собрание биле поднеснеи неколку амандмани, најголемиот дел биле одбиени, а еден прифатен и тогаш предлагачот САД, го искористил правото и гласал воздржано. Македонската Влада, нагласи, била во целосна координација со САД и тие гласале воздржано.

– Јас жалам што политиката од оптика на топлите и песочни плажи и политиката од оптика овдека во Македонија не е иста, па можеби некој од опозициските лидери се уште живеат на топлиот песок и гледаат со тие очила и со таа оптика. За жал сеуште не разбудени од сонот дека се во опозиција и уште долго време ќе бидат опозиција, а граѓаните веруваат и имаат доверба на Владата, која што ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“ односно ВМРО-ДПМНЕ и политичлките партии кои се дел од оваа Влада, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Се додека не ја променат оптиката и се додека гледаат од оптика која е својствена за песочните плажи на некои егзотични места, а не на реалноста која ја оставија во Македонија уште долго време ќе бидат во опозиција, изјави Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека со последното гласање за резолуциите за Украина во ОН, македонската Влада испраќала порака дека нејзината надворешна политика е импровизација и ја продлабочила конфузијата што прифатила да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа гласавме воздржано.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски