(ВИДЕО) Мицкоски: Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век

Од:

Oстануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција.

Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме дека знае и да ја утне вистинската страна“.

– Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е од мислата да ги уништи македонската нација и идентитет. Но, да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија, потенцира Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.

Според премиерот, македонската историја е втемелан на неправди.

-Неправдите не се само идентитестки, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски, се раселувале, бегале од тука. Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме, рече Мицкоски.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата цел е јасна: паметна, дигитална и демократски правична Македонија до 2030 година

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски

Мицкоски: И Апелација потврди дека СДС е клеветничка партија

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент