ВИДЕО: Мицкоски бара средба на државниот врв и избори

Од:

„Недобивањето на датум за избори е лоша и непосакувана вест за Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски од партиското седиште, а според него државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години.

-Ќе се согласам дека ваквата одлука за недобивање датум е пораз, но тоа не е пораз на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, тоа е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт. Тоа е политика без концепт, без визија, со многу криминал, корупција, арамилук, неработа и измами.

Оправдано се добива чувството кај граѓаните дека таа политика не втурна во бесконечен круг на многу откажувања, многу отстапки, себепорекнувања, подголтнувања, за да на крајот сето ова да заврши со неуспех“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање по недобивањето на датум за преговори со ЕУ.

„Македонија има пријатели во Европа, а Европската Унија продолжува да биде наша стратешка цел, и мора да се биде самокритичен и да се признае дека нема датум за отпочнување на преговори затоа што нема реформи. Затоа што народот живее тешко и нема друга држава каде криминалот царува со системот. Имаме систем во распаѓање и власт која што не испорачува правда туку е заштитник на неправдата.

Јас ја разбирам разочараноста која се јавува кај голем број од граѓаните на нашата држава, и ова не е последица на само една погрешна одлука на Зоран Заев и оваа влада, туку перманентно погрешни одлуки на кои укажувавме и апелиравме да не се прават, а тие своеглаво продолжија да управуваат кон ѕидот кој се испречува пред нас. Тој ѕид не е направен од тули созидани од Европа за нас, туку ѕид составен од погрешни одлуки и политики на оваа Влада предводена од Зоран Заев. Не смееме ова разочарување да го храниме со други штетни одлуки.

На народот му е преку глава од политиканство и надмудрување помеѓу партиите. И немам намера да кажувам колку сме биле во право кога викавме да не се прават авантури на власта кои не внесуваат во самооткажувања, штетни процеси, договори и амнестирања на скандали и афери. Кога ги рушеа преговарачките позиции на земјава стекнати со години и генерации политичари, за да можат да се одржат на власт и да си го амнестираат криминалот од минатото. И кога велев да не им веруваме кога не убедуваа дека Заев ќе омекнувал срца на европски политичари и кога тврдеа за референдумот лани дека бил за ЕУ, а не за името, за лажните ветувања и лажните надежи за живот, разно разните рекети, крвави тендери, криминални иновации, сето тоа го испорачува сега цехот, времето покажува дека сме во право тоа што го говоревме, но сите ние немаме ништо од тоа, штетата веќе е направена. Затоа ќе ми дозволите малку да зборувам за иднината.

Ќе бидам многу искрен и отворен, јас немам намера понатаму да влегувам во игра на покажување на показалецот и докажувања за тоа кој е крив, а кој бил во право, или да отпочнам некоја си битка за лов на виновници. Исто како што не ни треба маскирање на неуспехот. Не е време за тоа, а на народот му е се јасно и се гледа.

„Време е за мудри, логични и одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се диксутира за сето ова, а пред се за иднината на Македонија. А, Македонија е пред крупни одлуки кои ќе донесат промени и има иднина за која сите заедно ќе се избориме бидејќи доаѓа обновата. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт, туку се потребни за да покажеме на светот но и кај разочараните кои ги разбирам совршено дека можеме подобро, можеме поинаку и дека има надеж, Македонија ќе успее.

Го повикувам македонскиот народ и граѓаните на Македонија да ја кренат главата гордо високо, бидејќи секогаш во тешки времиња сме биле пркосни и мудри. Верувајте во себе, верувајте во Македонија. И верувајте во промените кои што ќе дојдат“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски