(ВИДЕО) Мицкоски: Aктуелната власт уништува се и остава пепел зад себе

Од:

Aктуелната власт уништува се и остава пепел зад себе, ги напаѓа достоинството и почитта на луѓето и токму затоа Ѓорче Петров се крена против власта и против измамите кои ги носи СДСМ, истакна Мицкоски вечерва во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Победничко Ѓорче Петров е против актуелната власт, затоа што Ѓорче Петров е против власта која носи измами, власта која уништува и остава пепел зад себе, власт кој го напаѓа достоинството и почита на луѓето, дели и создава конфликти. Власт која се повеќе не оддалечува од Европската Унија. Со овие луѓе на власт нема ниту ЕУ ниту пак европски се однесуваат, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека се наоѓаме во процес кога треба да веруваме и покрај тоа што системот ќе продолжи да не притиска, затоа што мораме да продолжиме да се бориме бидејќи со оваа власт ниту Европската Унија, ниту пак било каква иднина за Република Македонија е загарантирана, туку напротив ретроградни процеси, криминал, корупција, афери, сето она кое што не европска вредност туку е далеку
од тие европски вредности.

Две години се на власт, еден чекор не отидовме нанапред. Не е доволно да го слушаме премиерот удирајќи се во гради да вели дека е европеец, во исто време додека криминалот и корупцијата галопира. Наместо со зборови посветеноста кон Европа тоа се докажува со дела, а дела оваа власт нема, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека власта наместо да не приближува кон Европа, таа не оддалечува и затоа мора да се стави крај на уништувањето и пеплосувањето на државата од страна на СДСМ и дека мора да се избориме за подобри стандард и решенија за проблемите на граѓаните.

Затоа треба да се стави крај на ова уништување и пеплосување кое ни се случува во секое поле. А кој друг ако не ние, задно со народот мораме да ставиме крај на ова владеење кое ни ја одзема и уништува нашата Македонија. Заедно ќе победиме и заедно ќе се избориме за новото време кое ќе донесе подобар стандард во секое поле и решенија за многу проблеми кои денес го мачат секој еден човек, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага