(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги даде предлозите за комисии во Собранието, застој има кај владеачкото мнозинство

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го даде својот дел од предлозите за комисиите и работните тела во Собранието, рече денеска Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е проблемот и застојот и каде има проблем владејачкото мнозинство за договор помеѓу нив кој која комисија да ја води и на кој начин да функционираат ќе побарате одговор од нив. Очекувам да биде закажана комисијата за избори и именувања на која што се дава еден заеднички консензуален предлог за сите членови во сите работни тела. Врз основа на бројот на освоени мандати секоја политичка партија предлага и се знае колку точно членови има во секоја комисија. Очекувам дека ќе ги задржиме комисиите кои што ги раководевме во претходниот мандат, а освен комисијата за избори и именувања која што во зависност од бројките кои што беа постигнати на овие избори има мала измена и сега ја раководи СДСМ“, одговори Мицевски на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му