(ВИДЕО) Мицевски: Скандалозно е што Владата вработува армија од 6.000 партиски војници кои ќе се плаќаат од државниот буџет

Од:

„Владата молчи, министерството за информатичко општество и администрација продолжуваат со скандалите. Се спроведуваат 6.000 вработувања на партиски војници на грбот на граѓаните. Ова партиска воjска ќе ја плаќа народот.

Мерит системот и професионалната администрација во Македонија се редефинирани и дерогирани на ниво на афрички модел кој претпоставуваме има повисоки критериуми за планирање и вработување во државната и јавната администрација“, рече Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, сите препораки и реформи во државната и јавната администрација се со цел градење на квалитетна, одговорна, стручна, функционална и ефикасна администрација во која во фер и транспарентна постапка ќе се избираат најстручните и најкомпетентните кадри.

Наместо согласно начелата од Законот за вработување во јавниот сектор и годишните планови за вработувања, голем број на институции ангажираат агенции за привремени вработувања и неконтролирано и неосновано ангажираат работници кои не се во согласност со годишните планови за вработувања и потребите на институциите.

Ангажирањето на работници преку Агенции за привремени вработувања, согласно законот се по исклучок и за точно утврдена цел за што сите институции кои потпишале договор со Агенција за привремени вработувања, должни се да ги информираат даночните обврзници за:

Зошто не ги планирале вработувањата во годишните планови за вработување?

Колку лица се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања и по кој основ од Законот за вработените во јавниот сектор?

Зошто МИОА дозволува ангажирање на работниците во институциите надвор од регистарот?

Колку инспекциски надзори извршил Државниот управен инспекторат за основите по кои се отстапени работниците од Агенциите за привремени вработувања?

Колку инспекциски надзори извршил Државниот управен инспекторат за отстапените работниците од Агенциите за привремени вработувања, дали се во согласност со правилниците за систематизација и дали отстапените работници ги исполнуваат условите за работното место за кое што се ангажирани?

Граѓаните и даночните обврзници имаат право, а вие имате обврска да дадете отчет за сите потрошени пари!?“, праша Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ