(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со акција „Пратениците со народот“

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре, 8-ми мај до 30-ти мај почнуваат со акција под мотото – „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500-тини села низ цела Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Целта на акцијата, како што рече, е да допрате до секој граѓанин во државата, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен.

„Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење на тендери, а народот едвај врзува крај со крај“ порача Мицевски и дополни дека:

60.000 луѓе останаа без работа само во последната година; 6.200 фирми ставија клуч на врата; Половина милион луѓе живеат со две евра на ден; Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра; Вакцини се чекаа пет месеци.

Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и заради неспособноста на власта, но и заради немање на вакцини; Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а земаа и кредити; Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи; Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција; 214 светски криминалци, нарко босови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем.

И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок. Заев не понуди ништо, Заев им зема се на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери“, обвини Мицевски и најави дека ќе ја поминат цела Македонија, ќе побараат поддршка од секој граѓанин, за промена на, како што велат, црнилото.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски