(ВИДЕО) Мицевски: Почнуваат разговорите за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери од денес почнуваат суштински разговори со парламентарните политички партии, пред се со партиите потписници на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а секако во текот на наредните денови ќе разговараме и со другите парламентарни политички партии, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Целта на средбите, како што појасни, се измените кои што се предлагаат, односно формирање на една изборна единица нешто што како Предлог – закон е стигнат во Парламентот потпишан од одреден број на наши колеги пратеници, рече Мицевски.

„Во текот на денешниот ден имавме средба со Демократскиот сојуз претставуван од колегата пратеник Павле Трајанов и со ВМРО – Народна партија и на средбата беше колегата пратеник Љупчо Балковски, со кој што поразговаравме за овие актуелни теми за кои што разговараме сега. Една изборна единица беше темата на разговорите за која што се дискутираше на тие средби и секако можноста за размислување односно нивните предлози за поставување на одреден праг при тие изборни процеси. Со различни идеи се политичките партии, на крај заклучивме дека овој процес треба да отпочне во насока на демократизација на државата. Гледаме дека се создава клима за оваа работа и процесот ќе продолжи и во наредниот период“, потенцира Мицевски.

„Секако со отворањето на самата тема односно со поставувањето на законот на Комисија, а потоа и на пленарна седница, ќе има можност за истиот да се разговара, да бидат употребени анализите од компаративното право кои што ќе дадат размислување дали и колку би требало да биде прагот и на кој начин да продолжи активноста односно целиот процес околу ова законско решение. Во текот на утрешниот ден, како што напоменав ќе имаме дополнителни средби и со други претставници на парламентарни партии на кои што ќе размениме мислење и искуства во однос на ова законско решение“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи