(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

Од:

„Аудито“ од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил го потврди истото, ЈО мора да отвори постапка. Енис Колашинац, газдата на фирмата Зобек мининг груп, кој го земала на лизинг луксузното „ауди Q8“ кажа дека истото го земале за Венко Филипче и дека истото сега се наоѓа во владение на претседателот на СДС, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Колашинац не е било кој бизнисмен, тој е бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во време на СДС и бизнисменот кој заедно со Филипче и браќата Заеви се журкаа на Харис Џиновиќ во Дубаи. ЈО мора да отвори постапка против Венко Филипче. За ист ваков случај веќе има отворено постапка против Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР од СДС. Зошто Филипче е привилегиран? ЈО мора да почне да работи – рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија