(ВИДЕО) Мицевски: Груевски, каде се 5000-те нови работни места во Ранковце?

Од:

Пред повеќе од година и пол, Никола Груевски најави влез на турскиот инвеститор Веибо Груп, најави инвестиција од 400 милиони долари и отворање над 5 илјади нови работни места. Поминаа 18 месеци. Погледнете. Нема ништо од најавите на Груевски. Уште едно лажно ветување на премиерот во заминување, рече Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Во слободната зона во Ранковце нема ништо освен неколку незавршени објекти.

Никола Груевски има должност да одговори каде е инвестицијата од 400 милиони евра?

Зошто нема отворено ниту едно а не нови 5.000 работни места?

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја ветуваа и брзата сообраќајница со четири коловозни ленти на релација Ранковце – Крива Паланка. Нова железничка пруга и автопат кон Бугарија. Ветуваа нови гранични премини кон Голеш и Трговиште. Нов патен правец во должина од 17км кон Македонска Каменица.

20150916_164059

Ништо од овие ветени проекти, значајни за граѓаните на Крива Паланка и целиот северо-источен регион не се реализирани.

Граѓаните се заборавени.

Како последица на 9 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, немаштија продира во домовите на над 45 проценти сиромашни граѓани на целиот исток. Блокирани и ликвидирани се фирми, празни и напуштени се слободните економски зони, распаднати се болници.

Овие штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, ќе бидат поразени во април 2016 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“