(ВИДЕО) Мицевски: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

Од:

Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен џип од 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време на СДС и ЈО молчи и не отвора случај, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Односот на ЈО кон Филипче е зачудувачки. Зошто ЈО молчи? Дали ЈО не смее да постапува затоа што Филипче е претседател на партијата која ги избра скоро сите обвинители? Истото тоа ЈО отвори постапка за Пеце Мирчевски, за ист таков случај, но Мирчевски е само обичен директор од СДС и кај нив нормално е некој да оди жртва за Венко. ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој е заштитен и тоа уште повеќе ќе го казни на избори. Ниту Филипче, ниту било кој во СДС не смее да го манипулира народот – рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски