ВИДЕО: Ми остануваат само 50 денари месечно, извршителите ми ја земаат целата пензија

Од:

Ги уценувале, ги заплашувале, дури им се заканувале со животот на нивните блиски, ако не ги измират долговите кон извршителите. Ова ги изјавија дел од оштетените граѓани кои денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за правда и го кренаа гласот против извршителите. До надлежните порачаа да стават крај на незаконското извршување затоа што, како што велат, ограбени се и немаат пари ни за леб.

„Ме следеа и судии и адвокати, сакаат да ме заплашат, но тоа нема да се случи. Јавно кажувам дека ми се закануваше сопруг на судијка, но јас одовде му порачувам дека и јас можам да го плашам со неговото дете“, изјави една револтирана граѓанка од денешниот протест против извршителите.

„По 20 години извадија некој долг од 2.600 денари и сега ме товарат да платам 60.000, дали е тоа фер? Не можам да работам, имам две скршени ребра и со парите што ги земам не можам ни за лекови да дадам, а не на извршители“.

„Едниот жирант ми зема 6.000 денари, другиот 3.000, пензијата ми е 9.000 денари и ми остануваат 50 денари. Што да му дадам на детето, што може да купи со 50 денари“, изјави друга оштетена пред камерата на „А1он“.

Од иницијативата „Стоп за извршителите“ го повикаа Министерството за правда да стави крај на незаконското, како што велат, ограбување на народот или да си дадат оставки од функциите.

„Ако не им е доволен гласот на народот и ако не можат да го решат проблемот, нека си дадат оставки, ние знаеме како, ние ќе го решиме. Не може да седат таму горе во фотелјите, да се греат со наши пари и ништо да не преземаат“, изјави Дарко Поповски од иницијативата „Стоп за извршителите“.

Организаторите на протестот најавија дека нема да се откажат од притисокот врз надлежните и секој вторник ќе „им дишат во врат“, додека не се се изврши ревизија и се повлечат решенијата за извршување на околу 100.000 засегнати граѓани.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски