(ВИДЕО) МЕСО: Состојбата со вработените во образованието е алармантна

Од:

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) го поддржува Наставничкиот пленум во борбата за правата на вработените во образованието – Состојбата со вработените во образованието е алармантна, постојано се експериментира во образованието и тоа резултира со намалување на квалитетот на образовниот процес и кршење на правата и достоинството на наставниците.

Наставничкиот пленум го изразува изворниот револт кој постои кај наставниците од основното и среното ообразование и ние, како и секогаш, го поддржуваме секој автентичен начин на борба за одбрана на достоинсвото и работничките права на вработените во образованието, рече Здравко Савевски, генерален секретар на МЕСО

Претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ оценува дека ставот на СОНК дека протестот на Наставничкиот пленум е политички мотивиран, допринесе за нарушување на позитивното мислење за Синдикатот.

– Непоимливо е еден синдикат да застане против своето членство. Наместо да покаже солидарност и даде поддршка бидејќи барањата на Наставничкиот пленум се истите барања кои до неодамна СОНК ги пласираше како барања на синдикатот, вели Стефановиќ.

Наставничкиот пленум и покрај притисоците излезе на протест на 22 март пред МОН и ги достави своите барања. Веднаш потоа беше блокирана фејсбук профилот на Наставничкиот пленум, а СОНК излезе со соопштение во кое оцени дека протестот на професорите и наставниците бил партиски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

Поранешната веганка сега јаде по два килограми месо на ден: Храната од растенија ми го уништуваше телото!

А1он

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија