(ВИДЕО) Месиќ: Институциите во Македонија потфрлија, но по изборите очекувам решение

Од:

Поранешнот претседател на Р. Хрватска, Стипе Месиќ присуствуваше на предавањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Љубљана, Словенија, на тема Вистината за Македонија и имаше и одвоена средба со претседателот Заев. По предавањето, поранешниот хрватски претседател Месиќ даде изјава.

„Мене ми е многу драго што присуствував на предавањето на господинот Зоран Заев.

Тој одлично ја претстави ситуацијата во Македонија, секако од своја гледна точка. Зборуваше за многуте проблеми во Македонија и ги кажа своите предлози за решавање на тие проблеми.

Многу од проблемите се идентични и во другите земји што се во транзиција, но има многу вистина во тоа дека во Македонија одредени институции потфрлија и постои недостаток на законската регулатива, но земјата се движи кон демокртаско решавање на кризата, почетокот е видлив и јас очекувам после следните избори работите во Македонија  да бидат решени“, изјави Месиќ.

Би можело да ве интересира

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада