ВИДЕО: Мерко со огномет го пушти осветлувањето во Црн Дрим од 110 илјади евра

Од:

Негативните критики за изгледот на Црн Дрим, како и за влијанието на новите светилки врз живиот свет, не го предомислиja струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да се откаже од осветлувањето со кое ја посине реката. Тој со спектакуларен огномет, пренос во живо, снимки од дронови, свечено го пушти во употреба осветлувањето на реката.

Кога Мерко го стисна тастерот за вклучување на огнометот, од страна доби аплаузи од неговите поддржувачи. Претходно тој одржа и говор. За критиките, не коментираше.

Градоначалникот Рамиз Мерко потроши близу 110 илјади евра за поставување на светлата во коритото на реката. Должината на осветлувањето, според објавата на Општина Струга е 1800 метри. Биологот Кирил Арсовски – Пржо кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија, осветлувањето го опиша како естетски одвратно и штетно за живиот свет.

Според склучениот договор меѓу Општина Струга и струшката фирма „Те-џи бм електрик“, победник на тендерот, градоначалникот Мерко треба и исплати 109.979 евра. Таа за квалитетот на осветлувањето гарантира во наредните десет години.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски