(ВИДЕО) Мехмети: Чавков џабе снимаш, не се плашиме, ќе ви шараме се по список

Од:

Шарената револуција е општествена еваулација, таа е колективен глас на разумот во овие апсурдни времиња. Таа е најголемиот кошмар за фашизоидните шизофреници и нивните без’рбетни слуги. Ние овде и сега ја пишуваме историјата на граѓанска Македонија, на праведна Македонија, на Македонија во која криминалците одат во затвор, рече Замир Мехмети, активист и брат на пратеничката Ермира Мехмети.

– Господине Чавков ќе ви се обратам вас директно бидејќи вас ве реизбраа да не уплашите. Овој народ е разбуден и ќе ви исшараме се по список. Џабе ни праќаш полицајци во цивилка тука да не снимаат, не не плашите и не се криеме. Џабе повикувате граѓански активисти на разговори, ве плаши овој народ, ова историско будење. Ако ти не имаш нас на снимки, ние да ти кажеме дека знаеме дека токму ти ја организираше акцијата во Куманово, рече Мехмети.

Прашање на време е кога ќе се соочиш со народот, рече Мехмети обраќајки се на Митко Чавков.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата