(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Подготвен е предлог законот со којшто ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување за сите

Од:

Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ денеска оддржа прес-конференција на која што го презентираше предлог законот на новата влада за реформи во здравствениот систем.

„Ветивме дека здравјето на граѓаните ќе биде наш врвен приоритет.

Денeска сме овде за да соопштиме дека веќе e подготвен Предлог законот за измени и дополнувања на законот за здравствено осигурување, со што ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување за сите осигуреници.

Овој предлог закон е еден од првите што ќе ги поднесеме во Собранието, затоа што наша цел е сите граѓани да имаат достапни болнички услуги.

Со измените, целосно ја укинуваме болничката партиципација за сите осигуреници. На овој начин никој нема да остане без болничка услуга само заради тоа што нема пари да плати.

Според официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување за 2016 година, 220.000 граѓани лани користеле болничко лекување. Може само да се претпостави какво финансиско олеснување би било за осигурениците доколку не требале да платат болничка партиципација.

Според наши проценки околу 420 милиони денари годишно досега граѓаните плаќале за да се лекуваат во болниците.
Како што е предвидено во Програмата на новата Влада, а тоа е преточено и во законот, овие трошоци на граѓаните ќе ги покрива државата.

Алармантни се податоците од народниот правобранител дека граѓани не можат да добијат отпусно писмо, додека не платат партиципација. Често, лекувањето на граѓаните не завршува со болничкото лекување. Тоа значи дека овие граѓани се спречени да го остварат целосно сопственото правото на здравствена заштита, што се одразува и врз нивното здравје.

Ние ветивме дека ќе градиме општество на еднакви граѓани. И законот што го предлагаме за бесплатно болничко лекување значи дека тоа ќе биде достапно за секој граѓанин кој има потреба од тоа.

Ова е само една од мерките со коишто ќе изградиме јавно здравство достапно за сите. Ќе воспоставиме систем што ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно определени рокови и одговорност.

Ваквиот здравствен систем ќе им овозможи и на лекарите да бидат целосно посветени на пациентите, а граѓаните нема повеќе да бидат жртви на административните процедури“ изјави Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Запрашан Мехмедовиќ за шпекулациите дека Алијансата на Албанците претендира за министерското место во здравство, тој одговори дека во тек се преговорите за формирање на новата Влада и дека врвен приоритет е формирање на Влада којашто квалитетно ќе одговори на сите барања на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни