ВИДЕО: Меѓународниот универзитет Струга работи како пералница за дипломи, констатираат просветните инспектори

Од:

Меѓународниот Универзитет Струга работи како пералница за дипломи – констатираат просветните инспектори. Според последните сознанија утврдени при претходната инспекција, од Државниот просветен инспекторат, повеќе од 900 студенти учат без нострифицирани документи. Освен студентите, инспекторите утврдиле дека и професорите предаваат со невалидни дипломи, а меѓу нив го посочуваат и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко. Просветните инспектори кои ја „чешлале“ документацијата на универзитетот се сомневаат дека поради вмешаност на високи владини функционери, судии и нотари, се толерира незаконското работење на овој приватен факултет.

– Ваквите напади дојдоа зашто отворено се констатира дека актуелниот градоначалник Рамиз Мерко има докторска диплома од Нови Пазар, која не е нострифицирана и тој добива научно звање доцент и вонреден професор, вели инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Тој заедно со неговиот колега од Државниот просветен инспекторат , вчера биле нападнати на универзитетот при обид за инспекција. Од Универзитетот денеска не беа достапни за коментар, а одговор не добивме ниту од градоначалникот Мерко.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност