(ВИДЕО) Меџити: Ќе се стационираме овде се додека не се одложи оваа одлука

Од:

Тука дојдовме да го искористиме демократското право за изразување на револтот како Албанци муслимани, Албанци православни, Албанци католици, бидејќи цениме дека оваа невалидна одлука на општина Бутел е провокација кон сите Албанци во Република Македонија и затоа на овој собир и протест нема партиско знаме, иако е организирано од Демократската унија за интеграција, рече Изет Меџити, додавајќи дека со изградбата на крстот се провоцираат етничките и верските односи во Република Македонија.

Како што вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, суспендиран е Бадинетеровиот принцип, а со тоа и Рамковниот договор со што се отвора пат сите општини во Република Македонија без да се основаат на законски прописи да донесат еднострани одлуки.

Тој апелираше ова да се разгледа уште еднаш поставувањето на крстот од Општина Бутел и доколку се загрижени за православните Албанци да се даде локација во општината за изградба на албанска православна црква и крстот да се постави над црквата каде што и му е местото а не на улица.

-Ни минарето, ни крстот не треба да се постават низ улиците или на крстосница, рече Меџити.

Тој додаде дека овој е втор протест и нема да заврши тука, туку ќе се стационираат се додека не се одложи оваа одлука која според него не оди во прилог на ниту еден граѓанин на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска

Арсовска: Ги отфрлам лагите кои ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски

Ана Ололовска