(ВИДЕО) Мециновиќ: Одбраната на Гаши е еклатантен пример за снобизам и отуѓена елита

Од:

Од одбраната на Африм Гаши до сите ваши излагања, сè што видовме е еден еклантантен пример на снобизам на отуѓена елита, истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на собраниската седница.

– Ова придонесува Левица да има успех! Не нешто друго. Затоа што вие со вашите постапки ни отворате врата за успех. Овој снобизам гласачите го казнуваат, така што овој феномен на популистички партии се вели дека е бунт на гласачите против естаблишментот, кои за да ја оправдаат својата перпетуална владејачка позиција, сметаат дека нивните редефинцијали, нивната моќ и нивните пари се добиени по заслуга. И тука лежи проблемот – образложи Мециновиќ.

Според излагањето на Мециновиќ, власта смета дека повредата на Уставот, повредата на политичката волја на граѓаните не е толку проблем.

– Вие, вашата партија, Африм Гаши, јас, ти, сме заслужиле да бидеме тука. Вие, навистина, верувате дека сте најспособните! И затоа работничката класа се чувствува маргинализирано во овој момент и затоа дава сè повеќе поддршка на популистички движења – додаде Мециновиќ.

Во своето обраќање на собраниската говорница, Амар Мециновиќ направи едно сиже, со кое, всушност, ги разгледа неоснованите аргументи на власта што се против интерпелацијата.

– На оваа седница најмногу се фативме за етикетите кои вие ги расфрлавте: расисти, нацисти, неонацисти, национал-социјалисти, фашисти итн. Тоа не е само од оваа седница, тоа е ваш наратив со години кој не ви функционира со години. Тоа што на вам ви пречи е тоа за што немате одговор! Прво, затоа што сте анахрони политичари. Второ, затоа што сте некомпетентни да одговорите на модерен популизам! Тогаш во бунило пробувате да се снајдете со други етикети, кои ќе ја донесат дебатата во ваша полза – заокружи Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски