Мечка синоќа била забележана како се движи на паркинг во селото Ростуше, шетајќи меѓу паркираните возила.
Според сведоштвата на мештаните, кучињата почнале да лаат, по што животното се повлекло од местото. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, а од видеото може да се забележи дека станува збор за голема мечка.
Се претпоставува дека мечката се вратила во блиската шума.
Ова не е прв случај диво животно да се појави во населено место во овој регион, најчесто во потрага по храна.
