(ВИДЕО) Маж уринираше во тревникот зад Собрание, додека се водеше битка за пад на Владата

Од:

Маж уринираше во тревата позади Собранието, додека внатре се водеше битка дали ќе има мнозинство за гласање недоверба на Владата. Речиси никој не го примети, па ниту полициските службеници кои го обезбедуваат објектот. Новинарите беа фокусирани на преговарањето и гласањето кое требаше да следува, полицајците внимаваа на новинарите кои беа пред еден од влезовите на Собранието.

За тоа време, мажот се соблече пред едно од дрвата во задниот дел на Собранието, на десетина метри пред службениот влез наменет за пратениците. Никој не му замери на чинот иако постојано поминуваа вработени во Собранието, како и пратиските претставници. По уринирањето, се облече и замина.

Чинот траеше скоро минута, а него никој не го примети. Во близина е и една од полициските контролни пунктови. Тој беше на двасетина метри и од новинарите, но ретко кој му обрна внимание. Сите беа фокусирани на тоа кој ќе влезе и излезе од собраниската зграда, но и дали ќе се добие информација плус за гласањето кое следуваше.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска