На штандот поставен покрај кампот на средношколците, повеќе од 150 луѓе, за само половина час, се потпишаа на петицијата за поддршка што граѓаните ја изразуваат за средношколците.
Велат дека ги поддржуваат во храброста и истрајноста во борбата за за нивните барања против лошите реформи во образованието.
Освен што се потпишуваат, граѓаните носат овошје, сокови и храна за средношколците, кои ја минаа ноќта во кампот спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука.