ВИДЕО: Масакр на дрвјата во Центар во 03:30

Од:

Во 3 часот и 30 минути по полноќ е направен вистински масакр на дрвјата во строгиот Центар на Скопје, наспроти хотелот Бристол.

По синоќешниот инцидент, кога граѓаните ги уриваа оградите, за да не дозволат почеток на работите, отстранување на зеленилото и дрвата, во раните утрински часови, со силно полициско обезбедување, се исечени дрвјата.

Граѓаните, велат, немоќно го гледале овој вандализам, бидејќи, револтирано говорат дека полицијата не застанала зад интересите на граѓаните, туку на мафијата.

Одлуката е донесена од градското раководство а граѓаните обвинуваа дека за неа гласал и советникот од редовите на ДОМ на Лилјана Поповска. Одлуката беше донесена вчера, но иако во неа пишува дека има рок за жалба од 15 дена, веднаш е пристапено кон чистење на теренот од зеленилото кое овде опстојува 40 години.

Видеото е снимено од жител на Центар

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец