(ВИДЕО) Марков: Владините мерки ги дискриминираат лекарите и специјализантите

Од:

„И премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во ниту еден јавен настап на која ја третираат темата здравство не изоставуваат да ги споменат специјализантите како група на која и ги решиле проблемите.

Тврдењата дека прашањата за специјализантите се затворени се далеку од вистината. Сите т.н. мерки кои власта ги презема се популистички и некомплетни. Имено, една цела група на кофинансирани специјализанти не се опфатени со законските измени со кои се регулира времето на одработување во јавните здравствени установи по завршување на специјализацијата. Како и висината на финансиските средства кои специјализантите треба да ги враќаат доколку дојде до раскинување на договорот“, рече Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваков дискриминирачки третман не заслужува ниту еден лекар кој поминал години интензивно високо образование и бил спремен да остане и да придонесе во развојот на здравството во својата земја.

Дали се работи за недостаток на политичка волја или пак свесно оставање простор за манипулација со оваа група специјализанти е помалку важно, она што е суштински застрашувачко е дека заминувањето на младите лекари од Република Македонија до октомври 2019 година е најголемо во историјата од осамостојувањето на нашата држава.

Веќе не се во прашање само ниските плати и лошите услови за работа, се повеќе станува збор за одговор на потценувањето на интелигенцијата на младите лекари и секојдневните понижувања кои ги трпи лекарската фела“, изјави Петар Марков.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му