(ВИДЕО) Маркоска: Мицкоски да ги вразуми советниците и градоначалникот од ДПМНЕ за ДУП-от во Ѓорче

Од:

Денеска е ден на голема одлука која треба да ја донесе Советот на општина Ѓорче Петров, а ќе има далекусежни последици за жителите на Општина Ѓорче Петров и општина Карпош, а со тоа и на цело Скопје. Една третина од советниците имаат поднесено барање за суспендирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, ДУП кој предвидува 240.000 метри квадратни станбен простор или 4.000 нови станови или 10.000 нови жители што ќе биде демографска урбанистичка катастрофа, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

– Со еден збор ДУП со огромни штетни последици за граѓаните. Затоа ги повикуваме претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицковски да ги вразуми советниците и градоначалникот од ДПМНЕ, да размислат како ќе гласаат. Гласот на советниците на ДПМНЕ ќе биде глас на Христијан Мицковски и ДПМНЕ. Денеска ќе видиме што ќе одлучат, дали ќе дадат глас за иднината на жителите на Ѓорче Петров или за уништување на Ѓорче. Воедно ги повикуваме и Павле Трајанов и Стефче Јакимовски, преку членовите на Советот од редовите на Демократскиот сојуз и Гром да го спречат урбаниот холокауст во Ѓорче – рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски