(ВИДЕО) Маркоска: 35 милиони евра обезбедени за финансирање на 99 локални проекти

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет покажуваат грижа за општините и граѓаните.

35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Со оваа одлука ќе се финансираат 99 проекти во 75 општини, проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините.

Ова е директна инвестиција за развој и унапредување на општините, инвестиција што го поттикнува локалниот економски развој.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во се што е важно за граѓаните, продолжуваме да го помагаме развојот на нашите општини“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците