(ВИДЕО) Марија Грубор: Ова е последната шанса граѓаните да изберат страв или слобода!

Од:

На насобраните граѓани пред Собранието, кои и денеска протестираа барајќи оставки од Владата, им се обрати Марија Грубор од Студентски пленум која им порача дека институциите се нелегитимни и дека е дојдено времето кога ќе мораат да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси.

– Можеби оваа борба ја почнавме на различни фрагментирани фронтови, како студентскиот, работничкиот и средношколскиот. Благодарение на нашата граѓанска и политичка свенсност застанавме обединети во отпорот против сите оние кои не работат во корист на нашите цели и интереси, туку обратно на нив. Како носители на таа критичка зрелост, денес сме овде пред се да изразиме солидарност со наштите притворени студенти, тоа се оние кои се најдоа зад решетки поради учеството во заедничката борба за правда и слобода. На нивно место утре можеме да се најдеме и ние, сите оние кои не замолкнаа на време – порача Грубор.

Таа рече дека со одредувањето мерка притвор студентите биле повторно изневерени од нивните институции, кои, рече, наводно треба да ги застапуваат.

– Студентите од порано отфрлија соработка со таквите институции. Ние ги прогласивме институциите за нелегитимни затоа што тие уште еднаш го потврдија својот веќе докажен статус на шупливи орудија на власта. Зарем не е налудничоаво да бараме ослободување на образованието од рацете на систем кој целото наше општество го држи во заложеништво. Сите оние од нас кои до сега цврсто не одлучиле дали ќе изберат страв или слобода, ова е последната шанса, затоа што денеска сме уште еднаш овде за заеднички да дигнеме глас против физичкото, психичкото и политичкото насилство со кое сме отруени – нагласи Грубор.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски