(ВИДЕО) Маричиќ: Мафијашката Влада да сфати, не си одиме додека не се исполнат нашите барања

Од:

Со аплауз да им оддадеме признание на сите што скоро 40 дена се собираат тука, не се откажуваме, ниту отстапуваме и тука сме да ги повториме барањата заради кои што се собираме секојдневно. Да ги повторам и дообјаснам уште еднаш стокмени, надградени и проширени нашите барања за да ги слушнат оние од мафијашката Влада и да сфатат дека не си одиме додека не бидат исполнети овие барања во целост, рече пред демонстрантите активистот Бојан Маричиќ.

– Прво и она што најмногу ги боли итно и целосно повлекување на аболицијата и оставка од оној пропаднат професор по политика и очаен така-наречен претседател. Нема да им овозможиме да се спасат од одговорност и да ја газат државата уште десет години. Второто барање – бараме од Уставниот суд итно да се произнесе за уставноста на СЈО за да им го избиеме џокерот од рака дека ќе можат во било кој момент понатаму да го укинат Специјалното Јавно обвинителство на коешто му даваме целосна поддршка. Третото барање е воспоставување специјално одделение во Кривичниот суд по мерка на СЈО за да може да суди за злоделата на мафијашката влада. Четвртото барање – граѓанското општество да учествува во решавањето на кризата, но не ГДОМ, не нивните полтрони и мегафони, туку на вистинското граѓанско општество. Петото барање – кризата во Македонија да се решава во Македонија. Шестото барање – оставка на Владата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и преодна влада за реформи и слободни избори. Седмо барање – итно ослободување на сите приведени демонстранти и прекин на прогонот на сите што доаѓаат на протестите, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски