(ВИДЕО) Маргарита Цаца Николовска: Промените во Судскиот совет нема да постигнат самостојност на судската власт

Од:

Сите промени на Судскиот совет нема да ја постигнат целта за самостојност на судската власт, бидејќи самите членови се зависни – оценува судијката на Уставниот суд во БиХ, Маргарита Цаца Николовска на денешната дебата за нацрт-амандманите за уставните измени.

Таа предвидува дека уставните измени не се доведени во прашање и тие ќе бидат донесени, но, од друга страна, го доведуваат во прашање владеењето на правото.

– Што ако се зголеми бројот на судии како што предлага власта? Сите знаеме како течеше изборот на судии. Дали е возможно судија на основен суд да врши оценка на работа на судија на Врховен суд? Кај нас се меша терминот независност и непристрасност – овие две власти законодавната и извршната треба да сфатат дека не треба да се мешаат во судиската функција, посебно не во изборот разрешување и дисциплинската постапка. Кај нас Владата прави се, предлог за измени, нацрт на измени, нема дебата, а ако ја има таа не е суштинска. И така, сите промени на Судскиот совет нема да ја постигнат целта за самостојност на судската власт. Самите члнеови на судската власт се зависни. Концепциски, Судскиот совет не треба да е ваков. Тој што е член на Судскиот совет треба да ја обавува својата функција, тој судски треба да размислува, за да знае дека и тој може да се најде во иста постапка како неговиот колега. Кај членовите на Судскиот совет нема никаква одговрност, никој не може да покрене постапка за нив. Пред уставни измени треба расправа каков судски совет имаме, па да се бара решение за него – изјави Николовска.

Таа смета дека новите измени со кои се предвидува зголемување на судскиот совет од 8 на 10 судии и воведување на уставна жалба, нема да донесат ништо ново.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува