(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Од:

Изминативе четири години, Неготино западна во очај поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања има безброј, но реализација речиси нема. Градскиот плоштад е искршен, улиците се полни со дупки, зеленилото се уништува, а сообраќајниот хаос во центарот се зголемува. Пустош направија и со сечењето на дрворедот на улицата Маршал Тито. Со таква власт не може да се гради иднина, порача вчера вечер кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петар Мантев од трибината во Неготино.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја доведе општината во критична состојба со проекти останати само на хартија. „Ги прашуваме каде е ветената реконструкција на игралиштето зад спортскиот центар Младост? И тоа ли е уште една предизборна лага?“

Мантев го критикуваше и пазарот, кој е затворен и покриен со стиропор, карактеристика на ДПМНЕ, како онаа за „Скопје 2014“.

„Пазар со стиропор не може да биде вистински пазар и не го решава проблемот со јавниот простор,“ истакна тој.

Мантев ја побара доверба за да го направи Неготино современ и функционален град со конкретни проекти: решавање на сообраќајниот хаос, уредување и зелено збогатување на плоштадот, реконструкција на градскиот стадион со покриена трибина и нови зелени површини, бесплатни спортски сали за регистрирани спортски клубови, и продолжување на проектите за чиста и здрава вода во сите населени места.

Во програмата се и поддршка за младите преку финансиски стимули, подобрување на образованието, развој на винскиот туризам и земјоделството, воведување бесплатен јавен автобус и бесплатен превоз за пензионерите од руралните средини, подобрување на јавната чистота, решавање на проблемот со депонијата „Бучето“, современа противпожарна заштита и грижа за бездомните кучиња со создавање на безбедни простори за милениците.

„Транспарентноста и професионалноста се клучот за враќање на довербата, која беше целосно изгубена изминативе четири години. Неготино мора да прерасне во општина за сите. Со тимски дух и вистински решенија ќе го вратиме животот во нашиот град“, порача Мантев.

Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат за број 5 за подобро Неготино.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива