(ВИДЕО) Манчевски: Во 2 наутро Коце и мнозинството донесоа Буџет против интересите на Скопје

Од:

„Коце Трајановски во текот на целиот ден не присуствуваше на седницата во расправата за Буџетот на Градот Скопје. Тој не беше тука да го брани сопствениот Буџет и интересите на граѓаните, оние кои го гласале.

Коце Трајановски и владеачкото мнозинство, вечерва, во 2 часот наутро го усвоија Буџетот, којшто е против интересите на граѓаните на Скопје.

Ова е Буџет на раскош и луксуз, на Буџет којшто не ги решава реалните проблеми на скопјани“, изјави координаторот на Советничката група „Сојуз за иднината“ и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена рано утрово, откако владеачкото мнозинство го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2015-та година, без да ги земе предвид укажувањата на СДСМ и коалициските партнери за замена на планираните луксузирања со решавање на реални проблеми на граѓаните на Скопје.

„Владеачкото мнозинство усвои Буџет и гласаа за споменици, а не гласаа за подземна сообракајница. Гласаа за нови фонтани, а не гласаа за ново средно училиште во Аеродром. Гласаа за плоштади, а не гласаа за намалување на загаденоста во градот. Гласаа за уште еден нов карусел, ама не гласаа за нови водоводи и улици. Денеска гласаа за уште многубројни барокни фасади, ама не гласаа за проекти за енергетска ефикасност.

Само во следната година, Град Скопје ќе потроши 14.000.000 евра на раскош и луксуз, фонтани, барокни фасади и споменици.

До два часот наутро, се обидувавме да ги браниме интересите на граѓаните. Тоа ќе продолжиме да го правиме и понатаму, во секоја прилика и на секаков начин“, рече Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија