(ВИДЕО) Манчевски: Се потврдија криминалните шеми со Шпанските скали

Од:

Со своето криминално однесување Никола Груевски повторно наоѓа начин да го изигра законот. На 39-тата седница на Советот на град Скопје, во февруари 2015 година, владејачкото мнозинство донесе одлука за ослободување на инвеститорот „Амаедус Груп“ од плаќање на комуналии за барокна зграда на плоштадот Македонија во вредност од 150.000 евра, рече Дамјан Манчевски, Потпретседател, координатор на Советничка група.

Уште тогаш предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка.

Денес сме сведоци токму на тоа. На инвеститорот, наводно одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да ги изгради Шпанските скали.

Да немаме никакви дилеми, ова му текнало на криминалецот Никола Груевски. Личи на него и провидно е како него. Ова е само продолжение на расипништвото со раскош и луксуз, спроти реалните потреби на граѓаните на Скопје. Ова е продолжение на газењето на волјата на граѓаните, особено на граѓаните на Центар, кои му кажуваат силно НЕ на Скопје 2014.

Деновиве, наместо да се слика со основни проекти кои требало одамна да бидат завршени, Никола Груевски и неговиот слеп извршител Коце Трајановски треба да ни кажат:

• Колку училишта не се изградени поради Скопје 2014?
• Колку градинки не се изградени поради Скопје 2014?
• Колку болници не се изградени поради Скопје 2014?
• Колку патишта не се изградени поради Скопје 2014?
• Колку луѓе не се пратени на операции во странство поради Скопје 2014?

Иронично, на денешната седница Советот на Град Скопје ќе донесе одлука за помош на настраданите од поплавите во тетовско од само 50.000 евра.

Со својата слепа послушност кон Никола Груевски, Коце Трајановски се претвори во срам за скопјани. Ниту го интересираат, ниту ги штити интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ