(ВИДЕО) Манчевски: Новата градска власт ќе ги насочи парите кон потребите на граѓаните

Од:

„На денешната седница на Советот на Скопје ќе се разгледува извештајот за извршувањето на буџетот од минатата година. Извештајот, како и сите години претходно, покажува дека главна преокупација на Коце Трајановски му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски.

Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни трошоци. Коце Трајановски немаше пари за мерки за намалување на загадувањето, подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност, ниту пак за нови мостови и главни сообраќајници.

Ова време заврши. Доаѓа ново време и нова градска власт, која во прв план ќе ги има интересите на скопјани. Во оваа прилика сакаме да најавиме дека веднаш по смената на Коце Трајановски на локалните избори во мај, ќе предложиме ребаланс на буџетот со кој:

Веднаш ќе ја запреме изградбата на Панорамското тркало

Веднаш ќе ја запреме изградбата на и на барокните фасади и како и на сите други пропратни објекти кои се дел од Скопје 2014.

Парите на граѓаните на Скопје ќе се пренасочат за мерки за намалување на загаденоста, за повеќе паркови и зелени површини, за нови средни училишта, за нови мостови, за нови сообраќајници, за нови проекти кои се од најголемо значење за граѓаните на Скопје“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните