(ВИДЕО) Манчевски: Нов Луна Парк наместо 15 милионското тркало

Од:

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро се спротивставува на предлогот за зголемување на трошоците за Панорамско тркало за цели 3,5 милиони евра, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на партијата и советник во Советот на Град Скопје.

Во континуитет ја оспоруваме воопшто потребата од изградбата на 12 милионско Панорамско тркало.

Наместо Коце Трајановски да троши цели 15,5 милиони евра за ново Панорамско тркало во реката Вардар, СДСМ и коалициските партнери предлагаат овие средства од програмата на ЈСП Скопје да се пренаменат за целосна обнова на постечкиот Луна Парк.

-Еден од најгломазните и најскапи објекти од проектот Скопје 2014 е Панорамското тркало за кое Трајановски, преку ЈСП Скопје имаше предвидено да се потрошат над 12 милиони евра.

Со денешниот предлог кој градоначалникот Трајновски го доставува до советниците, вредноста на проектот во Инвестиционата програма на ЈСП Скопје се зголемува на 15,5 милиони евра.

И внимавајте, градоначалникот Трајановски го предлага ова на иста седница на која се откажува од јавно – приватното партерство за обнова на запуштениот Луна Парк во Скопјe, рече Манечевски.

Со ова, Скопје, а особено неговите најмлади жители се лишени да добијат вистински безбеден простор во кој што ќе може да го поминуваат своето слободно време. Не во пренатрупаниот центар на градот, туку во поздравата средина на Градскиот Парк.

Градоначалникот Коце Трајановски продолжува да ја гази јасно изразената волја на граѓаните на Центар кои јасно и недвосмислено се изјаснија против проектот Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата