(ВИДЕО) Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршувањето на мерките

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наместо да дава изјави за ситуацијата во земјата треба да сноси кривична одговорност како што вели Манчевски за „она што се случило на улицата “Боемска”.

„Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот.Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело“, рече потпретседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците