(ВИДЕО) Манчевски: Мерки за безбеден сообраќај во Скопје и поголемите градови

Од:

„На последната седница на Советот на Скопје, по иницијатива на СДСМ и коалицијата се усвоија неколку заклучоци во однос на подобрување на безбедноста на сообраќајот во Скопје“, изјави Дамјан Манчевски,координатор на советничка група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

„Од поважните ги издвојуваме:

• Во рок од 4 месеци да се изврши мапирање-одбележување на тн. црни точки, односно опасни места.

• Да се одвојат повеќе пари за подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

• Повеќе пари за пешачки премини со контрасти на уличното осветлување.

• Градот во соработка со општините да утврди Предлог-зони за смирен сообраќај. Места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 km/h или помалку.

• Да се формира Советот за безбедност на сообраќајот на Град Скопје.

• Да се изготви план за поставување на дигитални мерачи за брзина.

• Градот да побара од МВР засилена контрола, спречување и санкционирање на за загрозување на безбедноста на сообраќајот во Град Скопје, особено со користење на улиците за тн. ноќни трки.

Останува едно од нашите клучни барања, за ограничување на максималната брзина за движење низ Скопје на 50 километри на час. Бараме од МВР веднаш да ја спроведе оваа мерка.

Дополнително, бараме значително зголемување на буџетските средства за изградба на велосипедска инфраструктура. Велосипедите не се рекреативно, туку превозно средство за голем број граѓани.

Едногласното донесување на заклучоците на предлог на СДСМ и опозицијата е во интерес на граѓаните. Тоа покажува дека безбедноста на граѓаните не познава партии и така треба да биде. Сепак, мораме да констатираме дека овие работи одамна требаше да бидат направени. Можеби ќе се спасеа човечки животи.

СДСМ и коалицијата интензивно ќе ја следат имплементацијата на мерките кои очекуваме веднаш и без одложување да бидат спроведени.

Проблемите со безбедноста во сообраќајот не се само на скопјани. Најавуваме дека СДСМ ќе спроведе кампања за имплементација на слични мерки во сите поголеми градови во државата“, рече Дамјан Манчевски,координатор на советничка група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници