(ВИДЕО) Манчевски: Ќе продолжиме со откривање на корупциски афери

Од:

На прашање на Мухамед Зекири во емисијата „Патот кон…“, на Алсат телевизија за тоа дали ќе има продолжение на мега аферата 1,5 милиони евра поткуп во кеш, упатено кон Дамјан Манчевски, кој е еден од потпретседателите на СДСМ, тој одговори дека во иднина ќе се продолжи со откривање на слични корупциски афери.

– Прво ќе се обидеме да им дадеме шанса на институциите на системот, да видиме во следните неколку дена што ќе направат институциите. Врз база на тоа СДСМ ќе ги донесе своите следни одлуки, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и додаде:

– Нормално дека во наредните неколку дена ќе зборуваме за оваа тема, но ќе зборуваме и за многу други слични на оваа тема кои ќе ги објавиме во следниот период. Должни сме пред македонската јавност да не остане ништо сокриено, вистината мора да им ја кажеме на нашите граѓани, без разлика колку власта ќе се обидува тоа да го покрие и да го сокрие пред изборите. Ќе продолжиме и понатака, и се надеваме дека ќе допреме до што е поголем број на наши сограѓани, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага