(ВИДЕО) Манчевски: Груевски ќе биде поразен од Заев

Од:

По изјавата, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и граѓанскиот активист и кандидат за пратеник Павле Богоевски, одговараа на прашањата на новинарите.

СДПМ повторно излезе со имиња слични на оние на СДСМ. Пендаровски – Продановски, Шекеринска – Шукуровска, друг Николовски итн. Каков е вашиот став за ова и дали ќе реагирате ако ДИК ги одобри овие листи?

Од политички аспект, евтина финта на евтиниот шибицар, Груевски. Повторно старите финти, старите работи, веќе видено, ништо ново од него. Веќе очекувано. Од правен аспект, нашиот правен комитет ги разгледува можностите за поднесување на кривична пријава заради попречување на изразување на слободната волја на граѓаните.

Како го коментирате чекорот на Никола Груевски да се кандидира во четвртата ИЕ? И особено неговиот Фејсбук статус?

Не го следам Фејсбукот на Груевски, одамна. Видете. Ние нашите листи ги објавивме на време, изгласавме на конгрес, дебатиравме околу нив, јавноста е запозната со денови. Му оставивме нему да бира каде сака да го доживее поразот. Реши тоа да го направи во четворката, таму ќе го доживее поразот, таму кадешто Зоран Заев редовно победува.

Дали СДСМ би признал пораз доколку Груевски го победи Заев во четвртата изборна единица? Кој е вашиот став?

Многу подобро е прашањето дали ДПМНЕ ќе го признае поразот на национално ниво, и дали не го реши проблемот со шестата изборна единица, за да најде изговор да не ги признае резултатите после поразот што ќе им следи.

Дали ќе влијае врз определбата на граѓаните да не излезат на гласање, кога во листите има осомничени кандидати од СЈО?

Што се однесува до кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ којашто има најмногу осомничени, не можам да кажам дали ќе излезат или не, нивните гласачи. Што се однесува до гласачите коишто не би го дале својот глас за Никола Груевски, јас сум сигурен дека осомничениот и обвинетиот статус на добар дел од кандидатите коишто можеби ќе се најдат на тие листи ќе бидат дополнителна мотивација за да граѓаните излезат и да го дадат својот глас  на 11 декември против Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените