(ВИДЕО) Манчевски: Фамозното здружение донира исти споменици и на Центар и на Скопје

Од:

„Коце Трајановски не присуствуваше на расправата за поставувањето пет нови споменици во Скопје. И до овој момент се крие и не одговара на поставените прашања:

-Што работи Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје – Македонија, коешто наводно ги донира спомениците во Скопје?

-Кои се нивните активности?

-Како се финансира ова здружение, кое што има моќ да донира 5 споменици од по 10 метри?

Не се знае ни кој е автор на сомениците, ниту дали се тие изработени“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Погледнете ја оваа одлука на Советот на општина Центар од 28.12.2012 година, во време кога на власт во Центар беше ВМРО-ДПМНЕ.

Истото Здружение на Сетинци, Попадинции Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје, донирало на општината пет споменици!

Четири од спомениците се идентични и според одлуките треба да се постават на исти локации!

Ова уште повеќе го зголемува сомнежот во кредибилноста на ова здружение.

Се поставува прашањето, зошто здружението досега не ги донирало овие споменици на Центар и тие не се поставени?

Дали здружението ќе донира идентични споменици и на Центар и на Скопје?

И едно од поважните прашања, од каде им се парите да донираат споменици во вредност од стотици ијлади евра ако не и повеќе?

Aко веќе сакаат и имаат можност да донираат, ги повикуваме да донираат, на пример, средства за изградба на новото средно училиште во Шуто Оризари. Или да донираат средства за надградба на канализацискиот систем на Скопје, за да не се случуваат поплави како вчерашните.

Поставувањето на петте нови споменици од Скопје 2014 во центарот на Скопје е под директна наредба на Никола Груевски. Дали поради тоа, по губењето на власта, раководителот на Секторот за урбанизам, Александар Јанакиески, од Центар го преместија во Скопје – за да ја дозаврши работата со Скопје 2014?

Коце Трајановски нема визија за развој на Скопје. Тој продолжува да ги расфрла народните пари за раскош и луксуз, додека граѓаните се соочуваат со рекордна сиромаштија“, рече Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот