(ВИДЕО) Манчевски: Еве нови мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Од:

„На барање на советничката група на СДСМ и опозицијата, денес Советот на град Скопје ќе расправа по Информацијата за мерките кои градот ги планира за намалување на загаденоста на воздухот.

Оваа тема е од особена важност за граѓаните на Скопје и градот мора да и обрне поголемо внимание. Коце Трајановски не смее да дозволи и оваа зима на градот да му се случи еколошката катастрофа од минатата година“, изјави на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничка група.

„Советничката група на СДСМ и опозицијата предлага две нови конкретни мерки за намалување на загаденоста:

Прво, предлагаме субвенционирање на граѓаните од страна на градот Скопје коишто ќе се одлучат греењето да го вршат на нови и чисти извори на енергија.

Второ, предлагаме градот да воведе бесплатен јавен превоз, не после десеттиот ден како што е предложено во информацијата, туку многу порано, веднаш откако ќе се утврдат енормни количини на загадување со цврсти честички.

Јавноста беше доведена во заблуда дека денес ќе се усвојуваат мерки. Тоа не е така. Она за што ќе дебатираме е само информација за плановите на градот. Се надеваме дека Коце Трајановски конечно реално ќе воведе барем дел од мерките за кои што денеска ќе разговараме.

Но, тоа нема да биде доволно. За жал ако се погледне информацијата, се гледа дека голем број од предложените мерки се планирани за 2015 година и подоцна.

Сериозно сме загрижени дека и оваа година на Скопје ќе му се случи еколошка катастрофа со загадувањето на воздухот.

Сметаме дека на овој проблем мора да му се даде многу посериозен пристап и дека Коце Трајановски не смееше да чека на барање на опозицијата од пред еден месец, дури на крајот на октомври да дебатираме за овој проблем. Граѓаните на Скопје заслужуваат многу посериозен пристап од страна на нивниот градоначалник“, рече Манчевски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски