(ВИДЕО) Манчевски: Доаѓа нова централна и локална власт која ќе го реши проблемот со загадувањето

Од:

„Градот Скопје конечно ги даде на увид краткорочните и долгорочните планови за подобрување на квалитетот на воздухот. Откако внимателно ги прегледавме, можеме да констатираме дека има предлог мерки кои се коректни, но и онакви кои не одговараат на поднебјето на Скопје. Можеме да констатираме дека странските консултанти кои ги изработуваа овие документи, конечно го натераа Коце Трајановски да признае дека нема ништо направено за намалување на загаденоста на воздухот. Исто така, Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерација скопски регион, исто така потврдува дека предлог мерките и политиките кои СДСМ и коалицијата долго време се обидуваат да му ги наметнат на Коце Трајановски, беа апсолутно издржани.

Сепак, главниот проблем останува. За спроведување на овие мерки потребни се пари. Пари кои ниту градот, ниту државата ги имаат предвидено во своите буџети за 2017 година. Ништо, ама буквално ништо од сето она што е предложено во овој документ не може да се спроведе согласно буџетот на Градот за оваа година .

И не само тоа, туку и најголемиот товар за спроведување на мерките е на грбот на граѓаните на Скопје. Ова особено се однесува за најскапите мерки, кои согласно градацијата предложена од Градот, се со вредност над 1 милион евра.

Значи, за Коце Трајновски е скапо да плати над 1 милион евра за намалување на загаденоста. Во исто време за него не е скапо, да плати 6 милиони евра само за нови барокни фасади. За него не е скапо и најде пари, веќе 20 милиони евра за Панорамско тркало. Само со овие пари можеа да се спроведат 36, според градацијата на самиот Град Скопје, скапи мерки за намалување на загаденоста на воздухот.

Драги скопјани, доаѓа крајот на владеењето на Коце Трајановски. Тоа, ние граѓаните на Скопје, тоа јасно му го кажавме на последните парламентарни избори со поразот на неговата партија во Скопје. Доаѓа нова и одговорна централна и локална власт која навистина ќе помогне во реализирањето на овие и многу други мерки за намалување на загаденоста не само во Скопје, туку и во другите градови во Македонија“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок две милијарди евра

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара