(ВИДЕО) Манчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Како владеевте? Унитарно или бинационално?

Од:

Дамјан Манчевски од СДСМ истакна дека никој не верува дека е загрозена Македонија, бидејќи ако било така на улицата ќе имало навистина 200.000 народ, а не 1.300 како вчера.

– Загрозени се криминалот и корупцијата, затоа што е најавена жестока борба против нив. Индикативно е дека имало документи од еден Секретаријат, па од некое министерство. Колку влади имаше? Како владеевте? Унитарно или бинационално? Имаше македонски и албански министерства? Делови од влада кои што беа албански и македонски? Оној кој беше премиер, а сега никаде го нема, знаеше ли што му се случува во владата? – праша Манчевски.

Тој кажа дека кога се промовирал документот за кој пратеникот Ејуп Алими рече дека декларацијата произлегува од него, биле присутни и Илија Димовски и Анотио Милошовски и истакна дека принципот победник со победник е вовед во бинационалност.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање