(ВИДЕО) Манчевски до Груевски: Како здружение со мали приходи може да донира вакви споменици?

Од:

„Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту градот Скопје, ниту пак Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин, не дадоа одговор кој ги платил и кој ги изработил петте споменици кои што ги поставува градот Скопје“, изјави на денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Господине Никола Груевски, што значи вашиот молк?

Со оглед на тоа што потекнувате од Крушоради каква е вашата улога во донацијата на анонимното здружение на градот Скопје?

Ова е Извештај за билансот на состојба на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради.

Izvestaj Prihodi zdruzenie 1 Izvestaj Prihodi zdruzenie 2

Од извештајот се гледа дека вкупните приходи на ова здружение за 2013 се околу 14.000 евра.

Ако имаме во предвид дека донираните споменици се сите по пет метри, излиени од бронза, поставени на бетонски постаменти, се поставува прашањето како може ова анонимно здружение да даде ваква донација?

Или што толку му тргнало во духовното обединување на ова здружение кога во 2014 година може да донира толку вредна донација?

За споредба, ако земеме во предвид дека еден од лавовите излиени од бронза со слични димензии, поставен на мостот Гоце Делчев, според тарифата на Груевски, чинел околу 1 милион и 100 илјади евра, можеме само да претпоставуваме дека овие пет споменици чинат пет пати повеќе.

Или уште една споредба. Само хонорарот на авторите за два лава поставени на истиот мост изнесува колку вкупниот годишен приход на анонимното здружение, односно 14 000 евра.

Уште еднаш бараме да се обелодени изворот на финансирање на анонимното здружение, вредноста на донацијата и авторите коишто ги изработиле спомениците.

Господине Груевски, ајде да не се лажеме. До кога ќе молчите? Ова е веќе случај за Државна комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски