(ВИДЕО) Манчевски: Дијаспората ќе гласа само Груевски го загрозува нивното право на глас

Од:

„Продолжува оркестрираното ширење на лаги и измислици од страна на Никола Груевски и медиумите под негова контрола. Очигледно дека тој не разбира дека медиумите треба да се ослободат од уредништвото од неговиот кабинет. Брзо ќе разбере.

Колку и да сака да прикаже дека СДСМ е против гласањето на нашите луѓе од дијаспората, тоа едноставно не е точно. Најголем контраргумент е тоа дека дијаспората ЌЕ гласа. Правото на глас на нашите сонародници единствено беше загрозено од Никола Груевски, кој сака на евтин начин, со само неколку стотини гласа, со амбасади претворени во штабови на ДПМНЕ, да добива пратеници.

СДСМ не ја разбира дијаспората како средство за добивање гласови. Ние се залагаме за суштинско поврзување на нашите иселеници со матичната држава и затоа веднаш по смената на власта, ќе формираме Министерство за дијаспора“, рече на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. 

Премиерот вчера во интервју на една национална телевизија ве обвини дека сакате да го суспендирате правото на дијаспората да гласа и дека тоа е еден од вашите начини да ги пролонгирате изборите и да избегнете изборно соочување?

„Како и секогаш до сега Никола Груевски безобразно лажеше. Од јули, откако се почнати преговорите па до денес, сме немале ниту една пауза во преговорите по барање на претставниците на СДСМ. Сите досегашни паузи биле по барање на претставниците на ВМРО ДПМНЕ, барале внатре партиски консултации, дополнителни информации, пауза. Еднаш дури ги снема од преговарачката маса. Дури еве и денес се среќаваме после неколку дена откако тие побараа време за внатре партиски консултации. Денес конечно се надеваме дека доволно внатрешно се консултирале и дека конечно нешто конструктивно ќе предложат. Тоа се однесува и во однос на прашањето на гласањето на дијаспората, без да навлегувам во многу детали, на самите преговори, на преговарачката маса беа неколку предлози и механизми коишто целосно се во согласност со препораката на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на бројот на гласови потребни за избор на пратеник во Македонија и во странство. За нас сите се прифатливи, за ВМРО ДПМНЕ ниту еден. Дополнително сите предлози коишто ги даваа во однос на решавање на овој проблем беа целосно спротивно на препораката на ОБСЕ и ОДИХР и спротисвно на она што самиот Никола Груевски го потпишал на 15-ти јули. Очигледно е дека Никола Груевски е единствениот политичар на таа преговарачка маса којшто не е подготвен на 24-ти април да се соочи со граѓаните на фер и демократски избори“, одговори Манчевски.

Уште што остана недоговорено, дијаспората?

„Тоа е едно од прашањата, меѓутоа има и други прашања кои се надеваме дека денеска ќе бидат затворени. Не би навлегувал во детали затоа што знаете, често пати тоа што сме мислеле дека е договорено, претставниците на ВМРО ДПМНЕ повторно го отварале така што не би сакал да прејудицирам“, одговори Манчевски.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа