(ВИДЕО) Манчевски: Бунарот без дно продолжува и во 2015-та година

Од:

„Скопје 2014“ не заврши во 2014-та година. Бунарот без дно продолжува и во 2015-та година. Авторот на проектот е ист – Никола Груевски. Различен е само извршителот. Овој пат тоа е Коце Трајановски, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Оваа 2015 година, преку градот за проектот Скопје 2014 ќе се потрошат 46.175.000 ЕВРА и тоа на следните начини:

  • 18 МИЛИОНИ ЕВРА за панорамско тркало
  • 10 МИЛИОНИ ЕВРА за барокна административна зграда на ЈП Водовод и канализација.
  • 6,8 МИЛИОНИ ЕВРА за нови барокни фасади на зградите во центарот на градот
  • 5 МИЛИОНИ ЕВРА за нови фонтани и плоштади
  • дополнителни 4,3 МИЛИОНИ ЕВРА за недоизградената катна гаража Даме Груев
  • 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА за довршување на новата градска куќа, односно за луксузни канцеларии за Коце Трајановски
  • 325.000 ЕВРА за лифтови за катни гаражи
  • 250.000 ЕВРА за илуминација на споменици и фонтани
  • И внимавајте, 200.000 ЕВРА за уште еден карусел

 

Вкупно 46.175.000 евра за раскош и луксуз.

Граѓаните на Скопје имаат многу поголеми приоритети за коишто можат да се потрошат овие пари. СДСМ предлагаше и предлага овие пари да се пренасочат кон:

  • финансирање вонредни мерки за намалување на загадувањето на воздухот
  • ново средно училиште во Аеродром
  • водовод за деловите од градот коишто сé уште не добиваат вода од централниот водовод
  • субвенции за енергетска ефикасност
  • бесплатен јавен превоз за студентите секој ден
  • изградба на пречистителна станица

 

Или изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје што чини 50 милиони евра, од којашто Коце Трајановски се откажа за сметка на раскошот и луксузот“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“