(ВИДЕО) Манчевски: Апсурдни ситуации со избирачкиот список, на 5. јуни не може да има регуларни избори

Од:

„Продолжува хаосот со избирачкиот список. На четири дена пред рокот за завршување на прочистувањето на списокот, ДИК се уште на јавноста не и кажува како мисли да ја заврши оваа операција. Сега ќе ви посочиме неколку примери кои јасно покажуваат дека на 5-ти јуни не може да има прочистен избирачки список и не може да има регуларни избори.

Од вкупно над 330.000 сомнителни гласачи, едногласно усвоени од страна на сите членови на ДИК, предмет на теренска проверка беа само 83.680 граѓани. Во 40.113 случаи, анкетарот воопшто не успеал да се сретне со испитаникот“, рече на денешната прес конференција во Охрид, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Во 1.043 случаи, само од оние кои беа предмет на теренска проверка, никој не живее на наведената адреса. За мнозинството во ДИК ова не е доволна причина гласачот да се избрише од списокот. Мнозинството во ДИК за овие случаи бара МВР дополнително да излезе на терен и да направеле службена белешка. Па тогаш, зошто ДИК правеше теренска проверка?

Кај 8.824 случаи, наведени се т.н. други причини поради кои анкетарот не се сретнал со испитаникот. Под други причини се наведени, пазете: руниран објект, јавна институција, објектот не постои, непознато лице и сл. И овие случаи мнозинството во ДИК не сака да ги тргне од избирачкиот список.

Еве уште еден апсурд. Според компјутерските анализи во околу 10.400, додека според рачното броење, во над 6.500 анкетни листови, нема одговор на прашањето дали анкетарот успеал да се сретне со испитаникот. Што ќе прави ДИК со овие случаи? Зошто се јавуваат овие разлики помеѓу компјутерските извештаи и рачното броење?

И уште еден апсурд. Според компјутерската анализа фалат 414 анкетни листови, но според рачното броење фалат 248 анкетни листови. Колку и да се, како е можно воошто да фалат анкетни листови? Ова е уште еден показател за тотално неуспешната проверка на избирачкиот список.

Да не зборуваме и за тоа дека ДИК сеуште на јавноста не и даде одговор како мисли да ги провери над 124.000 гласачи кои согласно споредбите на бази на податоци, едногласно беа усвоени од ДИК како сомнителни, а не се предмет ниту на административна, ниту на теренска проверка.

На крајот и за главниот проблем. Согласно мнозинството, ДИК нема алатки за бришење на гласачи. Целта на мнозинството во ДИК е целосно да се закочи и оневозможи процесот на чистење на изборачкиот список. Целта на мнозинството во ДИК е на избори да се оди со стариот избирачки список.

Ние во такво политичко насилство нема да учествуваме. Не постојат услови за спроведување на регуларни, фер и демократски изборина 5 јуни. Ние на такви избори нема да учествуваме. Уште еднаш сакаме да упатиме повик до сите политички партии, граѓански организации, синдикати, интелектуалци, работници, сите слободоумни граѓани, без разлика на нација, вера или политичка припадност, да се приклучат на Платформата за слободна и демократска Македонија и да не земат учество на евентуалните избори на 5-ти јуни“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски