(ВИДЕО) Манчевски: 7-те милиони евра за барокни фасади да се дадат на поплавените

Од:

„Советничката група на СДСМ и коалицијата бара ребаланс на буџетот на град Скопје, со кој ќе се овозможи 6.960.000 евра да се пренаменат за санирање на штетите на граѓаните од поплавите во Македонија и за превенција од идни поплави“, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група „Сојуз за иднината“ во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

„Освен за санирање на штетите, парите предлагаме да се искористат и за:

  • изградба на брана на реката Отиња, со што би се заштитило централното градско подрачје на Штип;
  • редовно чистење на коритото на Црна Река во Пелагонија и чистење на одводните канали;
  • изградба на микроакумулации за собирање на дождовната вода и водата од топењето на снеговите;
  • регулација на коритото на реката Вардар во полошкиот регион.

 

Предлагаме средствата да се обезбедат од ставките за:

  • Реконструкција и доградба на објекти – фасади: 6.276.000 евра
  • Подготвување проекти за објекти – фасади: 488.000 евра
  • Субвенции за ЈП Паркови и зеленило, за НАБАВКА НА КАРУСЕЛ: 196.000 евра

 

Предлогот на СДСМ е апсолутно издржан. Со оглед на тоа дека парите за барокните фасади се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија, средствата би се вратиле во централниот буџет и би се пренамениле за проекти кои се огромно значење за граѓаните од поплавените региони во државата.

Скопје како град на солидарноста, најмалку што може дополнително да направи е да се откаже од уште еден карусел. На тој начин, со нови 196.000 евра од сопствениот буџет, Скопје може да им помогне на граѓаните кои се најпогодени од поплавите во другите делови на државата.

Најискрено очекуваме поддршка од сите советнички групи и се надеваме дека оваа одлука ќе се донесе едногласно. Предлогот на СДСМ и коалицијата е во интерес на сите граѓани во државата“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски