(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Од:

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години. Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.

Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат. Лицемерието на ССМ и Слободан Трендафилов е разоткриено. Додека од една страна глуми загрижен за работниците, за нивните права и за нивните плати, од другата страна докажува колку навистина му е грижа за работникот со тоа што го одбива предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите во висина од 40%. ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа. На ССМ и Трендафилов не им е до зголемените плати на работниците, туку до тоа да и им наштетат на државата, а со тоа и на Владата што е можно повеќе. Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест, рече тој.

Би можело да ве интересира

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски