(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

Од:

Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии. Венко Филипче е единица мерка за неспособност. Како министер за здравство, Филипче успеа да го крахира системот во здравството. Филипче, не успеа навремено да набави ниту вакцини за сезонски грип, ниту вакцини за ковид. Додека народот умираше, Филипче мислеше само на провизии, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да ја потсетиме македонската јавност, дека неспособниот Венко Филипче, во моментите кога Македонија имаше најголема смртност по глава на жител од ковид, Филипче со месеци доцнеше на македонските граѓани да им набави вакцини. Зошто? Затоа што тој мислеше само на провизиите. Освен што доцнеа вакцините за сезонски грип, доцнеа и за ковид. Бидејќи неспособниот Филипче мислеше на провизиите, а народот умираше, вакцините доцнеа со месеци. Првите вакцини во Македонија стигнаа дури на крајот на март 2021 година, преку ковакс механизмот, односно донации. Впрочем, мандатот на СДС помина во донации. Ете, ова е неспособноста на Филипче и СДС.

Вакцините доаѓа како донации, бидејќи Филипче наместо да договори набавка на вакцини, тој договори провизии. Филипче треба јавно да одговори каде требало да завршат тие 6 милиони долари од набавката на вакцини од фантом фирмата Стабри? Доцнеа тестови, доцнеа медицински опреми, ракавици и маски. Само договорите за тендерите на Филипче не доцнеа. Тие беа навремени и договарани во 4 очи. Во ек на ковид криза, каде што илјадници наши сограѓани ги изгубија животите, Филипче мислеше на провизии. Неспособноста и алчноста на Филипче за своите бизнис интереси, одеше дотаму да претседателот на најголемата опозициска партија во тоа време, набави вакцини преку донација од своите странски партнери. Да, тоа беше претседателот Мицкоски и нашите партнери од Унгарија кои веднаш се понудија да помогнат, гледајќи ја неспособноста на Филипче и СДС. Зошто? Затоа што Филипче и СДС мислеа на провизии, а не на граѓаните. Филипче и СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства. Филипче и СДС треба да и се извинат на македонската јавност. Филипче веднаш треба да си поднесе оставка – нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски